Повисоки продажни цени на индустриски производи на домашен пазар

40

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар, во јуни оваа година, се повисоки за 0,2% на месечно ниво и за 1% на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во јуни 2019, во споредба со мај 2019, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Интермедијарни производи, освен енергија за 0,3%, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,2%, Капитални производи за 0,3% и Трајни производи за широка потрошувачка за 0,1%.

Во јуни 2019, во споредба со јуни 2018, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Капитални производи за 1,7%, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,1%, Интермедијарни производи, освен енергија за 1%, Енергија за 0,9 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 0,4%.

Фото: Pixabay