Повисоки продажни цени на индустриските производи во октомври

6

Продажните цени на производителите на индустриски производи, во октомври оваа година, на месечно ниво се повисоки за 0,3%, а се пониски за 0,3% на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во октомври 2016, во споредба со септември 2016, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 1,3%, во секторот Преработувачка индустрија за 0,2%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се пониски за 0,3%.

Во октомври 2016, во споредба со октомври 2015, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 2,5% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,5%, а се пониски во секторот Преработувачка индустрија за 0,6%.