Повисоки продажните цени на индустриски производи во јули

23

Продажните цени на производители на индустриски производи, во јули оваа година, се повисоки за 0,4% на месечно ниво, а за 2,3% на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во јули 2019, во споредба со јуни 2019 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 2,3%, во секторот Преработувачка индустрија за 0,2% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,1%.

Во јули 2019, во споредба со јули 2018 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 9% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,5%, а во секторот Преработувачка индустрија се повисоки за 3,5%.

Фото: Pixabay