Повисоки продажните цени на индустриски производи во март

Продажните цени на производителите на индустриски производи, во март оваа година, се повисоки за 1,1% на месечно ниво, а за 6,4% на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во март 2021, во споредба со февруари 2021 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 3,2%, во секторот Преработувачка индустрија за 1%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација остануваат непроменети.

Во март 2021, во споредба со март 2020 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 13,5%, во секторот Преработувачка индустрија за 5,4% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 14,9%.

Фото: Pexels