Повисоки продажните цени на индустриските производи во април

21

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар, во април оваа година, се повисоки за 0,1% на месечно ниво, а пониски за 0,2% на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во април 2016, во споредба со март 2016, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Енергија за 0,5%, Интермедијарни производи, освен енергија и Трајни производи за широка потрошувачка за 0,1%, додека во групата Капитални производи се останати на исто ниво.

Во април 2016, во споредба со април 2015, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите Интермедијарни производи, освен енергија за 2,3% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,5%.