Повисоки продажните цени на индустриските производи во август

42

industriski-strafovi-pixabay

Фото: Pixabay

Продажните цени на производителите на индустриски производи, во август оваа година, се повисоки за 0,5% на месечно ниво, а за 2,7% на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во август 2017, во споредба со јули 2017, продажните цени на производителите на индустриски производи, се повисоки во секторот Рударство и вадење камен за 2,9%, во секторот Преработувачка индустрија за 0,3% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,2%.
Во август 2017, во споредба со август 2016, продажните цени на производителите на индустриски производи, се повисоки во секторот Рударство и вадење камен за 21,7%, во секторот Преработувачка индустрија за 1,4%, а се пониски во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,3%.