Повисоки продажните цени на индустриските производи во јануари

23

Продажните цени на производителите на индустриски производи во јануари оваа година, се повисоки за 0,3% на месечно ниво, а се пониски за 2,3% на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во јануари 2015, во споредба со декември 2014, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 3,6%, во секторот Преработувачка индустрија за 0,2%, а се пониски во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1,7%.

Во јануари 2015, во споредба со јануари 2014, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 14,8% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 5,8%, а се пониски во секторот Преработувачка индустрија за 4,2%.