Повисоки продажните цени на индустриските производи во мај

20

Продажните цени на производителите на индустриски производи, во мај оваа година, се повисоки за 1% на месечно ниво, а се пониски за 3,2% на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во мај 2016, во споредба со април 2016, продажните цени на производителите на индустриски производи се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 2,2%, во секторот Преработувачка индустрија за 1%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се пониски за 0,3%.

Во мај 2016, во споредба со мај 2015, продажните цени на производителите на индустриски производи се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 1,7%, во секторот Преработувачка индустрија за 3,6%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се повисоки за 0,9%.