Повисоки продажните цени на индустриските производи во мај

20

Продажните цени на индустриските производи во мај оваа година, во однос на минатиот месец, се повисоки за 0,6%, додека во споредба со истиот период лани, тие се пониски за 0,3%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во мај оваа година, во споредба со претходниот месец, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 2,4%, во секторот Преработувачка индустрија за 0,2%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 3,4%.

Во мај оваа година, во споредба со истиот период лани, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 3,5%, а во секторот Преработувачка индустрија и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се пониски за 0,5%.