Повремен дожд и температури до 17 степени

38

Времето во Македонија ќе биде облачно и нестабилно со повремен дожд којшто локално ќе биде пороен и проследен со грмежи и засилен ветер. Нестабилноста повторно се очекува да биде најизразена во југоисточните делови каде локално денес и утре ќе наврнат околу 30 литри на метар квадратен воден талог.

Утринската температура ќе се движи од пет до 12, а дневната од 10 до 17 степени.

Во Скопје слично време, со утринска температура до седум, и со дневна до 14 степени.

Во следните три дена времето ќе биде променливо облачно, ќе има и локални врнежи од дожд, но со послаб интензитет, а преку денот ќе има и сончеви периоди. Температурата ќе биде без поголеми промени.