PowerUP – Програма за иновативни мали и средни претпријатија и стартапи од Западен Балкан

14
Macro shot of financial concept

Светска банка, во рамки на својата програма PowerUP: Јакнење на капацитетите на компаниите во рана фаза од развојот во земјите од западен Балкан, отвора наменска програма за повеќе од 200 компании финансирана од Европската унија во рамките на Програмата за развој и иновации на претпријатија од западен Балкан (WB EDIF) и го спроведува со поддршка на глобалната консултантска компанија Deloitte.

PowerUp е бесплатна програма наменета за мали и средни претпријатија (МСП) и старт – ап компании кои се во потрага по нови начини за привлекување на клиенти, адаптирање на својот бизнис модел, и потенцијално се заинтересирани за надворешни инвестиции. Сите компании кои ќе бидат одбрани за учество во оваа програма ќе добијат поддршка и обука за понатамошен развој на работењето што ќе биде насочена на нивен раст и отпорност на Ковид-19 и слични надворешни шокови, како и зголемување на нивната способност за провлекување инвестиции. Програмата за зголемување на капацитетите ќе овозможи стекнување на вредно практично знаење и ќе се фокусира на темите за купувачи и пазар, финансиски и интерни перформанси, брендирање и pitching.

Програмата трае од октомври 2020 до февруари 2021 година.

Околу 100 компании со најдобар резултат во текот на програмата ќе бидат повикани во март 2021 година да се натпреваруваат во PowerUP финале кое ќе се одржува на атрактивна локација во западен Балкан, и ќе го претстават своето работење пред ексклузивно поканети претставници на ангели инвеститори, инвеститор во ризични бизниси – venture capitalist, успешни претприемачи, како и претставници на корпорации и медиуми. Сите компании кои ќе бидат избрани за учество во финалето на програмата ќе добијат значајна експонираност и признанија, и ќе бидат промовирани на локалните и регионални медиуми.

Трите најуспешни компании на PowerUP финалето ќе добијат Награда за одлични претприемнички вештини во западен Балкан за различни категории, како и ексклузивна, посебно прилагодена за бизнисот, советодавна поддршка од локални и регионални експерти од глобалната консултантска компанија Deloitte.

За учество во програмата компаниите треба да ги исполнуваат следните критериуми:

  • Компанијата треба да е регистрирана во една од земјите од западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Црна Гора и Србија);
  • Компанијата треба да работи најмалку една година;
  • Компанијата треба да има меѓу 3 и 100 вработени;
  • Компанијата треба да е иновативна и да има свој производ / услуга која носи приход на најмалку еден пазар и за која компанијата сака да ја зголеми продажбата;
  • Компанијата не смее да се занимава со производство на алкохол, тутун, оружје или други слични дејности

Заинтересираните МСП и старт – ап компании може да се пријават на следниот линк: www.deloitte.com/mk/powerup. За сите дополнителни прашања, подносителите на пријава можат да ги контактираат организаторите на CEBAPowerUpWB@deloitte.com.

Рокот за пријавување е 30 септември 2020 година.

Фото: Freepik