Познат циркус остава без работа 3.500 лица

34

Канадската компанија за забава Cirque du Soleil deli 3.500 откази со цел да спречи банкрот, пишува ВВС.

Од компанијата, што е препознатлива по огнените циркуски спектакли, велат дека пандемијата ги принуди да откажат бројни настапи и да отпушти уметници. Cirque du Soleil сега ќе се обиде да се реструктуира и да работи без 95% од својот персонал.

“Со никакви приходи поради присилното затворање на сите наши настапи поради Ковид-19, управата мораше да донесе ваква одлука“, вели Даниел Ламер од Cirque du Soleil.

Инаку, компанијата склучи договор според којшто постоечките акционери ќе ги преземат обврските и ќе вложат 300 милиони долари, од коишто околу 200 милиони долари ќе бидат во форма на заем од Квебек, каде што е седиштето на компанијата.

Фото: Facebook