Познат хрватски фудбалер си отвори компанија за недвижнини

186

Хрватскиот фудбалер, Лука Модриќ во Шпанија си отвори нова компанија што се занимава со трговија на недвижнини и ја нарече Modric Family, пренесуваат хрватските медиуми.

Модриќ ја донесе оваа одлука една година откако ја затвори компанијата во Луксембург поради којашто во Шпанија беше осуден за затајување данок.

Новата компанија на Модриќ е регистрирана за купување, промоција, изградба, одржување, продажба, закуп, конзервација и искористување на сите видови на недвижнини, а Modric Family може да се занимава со сите видови на финансиски инвестиции.

Modric Family не е регистрирана за управување со имиџот на Модриќ како претходната компанија што ја имал во Луксембург и преку која примал пари од спонзори. Заработката од реклами сега најверојатно ќе ја прима во облик на личен доход.

Новата компанија на Модриќ е основана со минимален почетен капитал од околу 3.000 евра.

Фото: Facebook