Познати жени од историјата добија своја барби кукла

125

barbie-dollФото: Mattel

Американската фабрика за производство на играчки Mattel претстави линија од 14 кукли барбики креирани според ликот на познати жени кои имале огромно влијание во историјата на светот, пишува Designboom.

Помеѓу барбиките се најдоа пилотот Амелиа Ертхард, артистката Фрида Карло, математичарката на НАСА Кетрин Џонсон, американскиот првак во сноуборд Клое Ким, биртанската боксерка Никола Адамс и други.

Целта на оваа креација е на креативен начин да им се одаде почит на работата, делото и достигнувањата на најеминентните жени што постоеле, со што ќе се инспирираат малите девојчиња да бидат како своите хероини.

Овие барбики се достапни во американските продавници каде што можат да се купат по цена од 29,99% долари.