Познатиот српски тенисер сака да вложува во луксузни недвижнини

72
modern beadroom in hotel

Познатиот српски тенисер, Новаќ Ѓоковиќ, досега има освоено голем број важни трофеи и има одлична заработка од 131 милион евра. Поради тоа се најде и на листата на Forbes.

Не е тајна дека Ѓоковиќ сака да троши, а огромен дел од парите што ги заработи од тенисот, како што пишува српски Телеграф, сака да ги вложува во луксузни недвижнини. Тој има раскошни станови и куќи во Монте Карло, Мајами, Белград, Тиват, а поседува и голема вила на крајбрежјето на Павловачко езеро.

Најголем дел од времето, Ѓоковиќ со семејството го поминува во Монако. Добрата клима, терените, даночните олеснувања… сето тоа се причини да живее на Азурниот брег. На една од најпрестижните локации во Монте Карло, тој има стан со одличен поглед, а соседи му се Каролина Вознијацки и Луис Хамилтон.

Ѓоковиќ има недвижнини и во САД. Весникот Wall Street Journal во 2017 година објави дека тенисерот на Менхетен, во Њујорк, купил две станбени единици со вкупна големи од 185 метри квадратни, а се проценува дека за тоа платил околу пет милиони евра. На тој имот сосед му е Кристијано Роналдо.

За стан во Њујорк, тенисерот одвоил шест милиони евра, за стан во родниот Белград платил пола милио евра, додека 2,2 милиони евра потрошил на стан во елитна населба во црногорскиот град Тиват.

Фото: Freepik