Познатиот виенски хотел Sacher сега нуди drive-in колачи

86

Пандемијата принуди многу луксузни хотели во Виена да стават клуч на врата оваа година поради рестрикциите, но легендарниот Hotel Sacher сепак не дозволи љубителите на познатите sacher слатки да останат без нив.

Хотелскиот портир Уве Коцендорфер продава sacher колачи на drive-in штанд на улица спроти виенската опера.

“Сега работам од сè по малку“, вели тој, кој стои покрај количка полна со колачи и подава до еден купувач кој поминува со својот автомобил.

“Мислам дека тоа е одлична идеја“, додава друга клиентка, која купува цела торта чија цена е обично 50-тина евра.

Голем дел од персоналот во хотелот во овој момент не работи. Скоро сите соби и мензата во тоа неокласично здание се празни. Без оглед на тоа, хотелот продолжува да набавува цветни аранжмани само за петте гости колку што престојуваат во овој момент.

Инаку, Sacher е последниот луксузен хотел во Виена во приватна сопственост. Во својата богата историја поминал низ неколку тешки кризи, со надеж дека ќе ја надмине и оваа. Вообичаено, патници од странство чинат 90% од гостите во хотелот. На годишно ниво остварува 23.000 ноќевања во соби што чинат меѓу 400 и 2.300 евра за ноќ.

Фото: Hotel Sacher