Познато е кога Хрватска ќе ја добие вакцината

19

Управникот на Агенцијата за лекови и медицински производи на Хрватска, Синиша Томиќ најави дека првите дози против коронавирусот во земјата ќе стигнат на 26-ти овој месец, а потоа во следните три денови ќе се спроведе и првата вакцинација.

Европската агенција за лекови ќе одлучува за одобрение на првата вакцина против Ковид-19 во Европската унија и тоа на Pfizer и BioNTech.

За планот за вакцинирање надлежен е тамошниот завод за јавно здравје.

Фото: Freepik