Практична работилница за подготовка на предлог проекти за инструментите на Фондот за иновации и технолошки развој

20

 

fond-za-inovacii

Фондот за иновации и технолошки развој го отвори аплицирањето за дводневната практична работилница со цел подобра подготовка на предлог проекти. Работилницата е наменета за претпријатија коишто веќе имаат подготвено нацрт проект за инструментите: кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва старт – ап и спин – оф и кофинансирани грантови и условени заеми за комерцијализација на иновации.

Работилницата ќе се одржи во Хотел Инекс Горица на осми и деветти април и ќе биде дел од петтото издание на Codefest.

Бидејќи местата се ограничени, право на учество ќе имаат првите 20 претпријатија коишто пред почетокот на работилницата ќе имаат изготвено нацрт проект. Аплицирањето е едноставно, треба да се пополнат само основни информации на следниот линк (https://goo.gl/qKteyk), заклучно со 22.03.2017.