Прават ли банките црни листи за (не)одобрување кредит?

124

Пандемијата од коронавирусот го отежна работењето на многу бизниси, па придонесе и банките при одобрување на кредити на граѓаните повеќе внимание да обрнуваат на одредени сектори и на нивните вработени. Уште од летото од луѓе од туристичкиот сектор во Србија можело да се слушне дека им е тешко да дојдат до кредит, па и дека им се одбивани барањата за потрошувачки кредити.

“Ништо од актуелната проверка не се разликува од пред една или две години. Банките тоа секогаш го прават, па се случува и да одбијат некои клиенти за коишто ќе проценат дека не можат да ги вратат кредитите“, наведува Владимир Васиќ, генерален секретар на Здружението на банка на Србија.

Според него, не станува збор за листи што би ги правеле банките, а на кои би се нашле “неподобни“ дејности или клиенти, но тие како депозитно – кредитни институции прават индивидуална проверка на секој поединец, дали е во состојба да го врати кредитот или не, пренесува Танјуг.

Фото: Freepik