Правнукот на Крајслер го спречува спојувањето на PSA и FCA

89

Спојувањето меѓу FCA и PSA групациите се соочи со многу пречки, последната и најголема беше решена претходно овој месец, но на повидок е нов предизвик.

Fiat Chrysler Automobiles и Groupe PSA успеаја да ги надминатсите проблеми со Европската комисија и Европската унија околу спојувањето и создавањето на групацијата Stellantis, но сега FCA и PSA се соочуваат со еден приговор во последната минута и тоа од правнукот на Валтер Крајслер.

Како дел од неговиот предлог за алтернативен откуп, Франк Роудс Џуниор предлага новиот ентитет да не го прифати веќе познатото и избраното име Stellantis. Наместо тоа, правнукот на Крајслер предлага производителот да стане познат под името Chrysler-Dodge-Jeep-Ram Corporation.

Згора на тоа, Роудс бара компанијата да ги има своите главни канцеларии во САД. Неговото барање исто така повикува и за тоа актуелното ракoводство и вработените да добијат бонуси за задржување, заснованi на нивните мандати. Освен тоа, предлогот вели дека “покрај цената за која треба да се преговара, како и исплатата на сите постојни долгови, актуелните акционери ќе добијат права за стекнување акции во субјектот кој е купувач, доколку истиот биде објавен во иднина“.

Во соопштението, Роудс истакна “овој алтернативен предлог е, според мене, супериорен во однос на планираното спојување и ќе резултира со враќање во САД на Chrysler-Dodge-Jeep-Ram брендовите и подалеку од предложеното кинеска и странска контрола како што е предложено во спојувањето“.

Иако овој предлог има мали шанси да биде сериозно прифатено, Роудс испрати и приговор за Stelantis до Комитетот за странски инвестиции во САД. Тој исто така ги соведува американските сенатори да се спротистават на спојувањето бидејќи “ќе ги отстрани идните профити и технологии од Америка“.

Овој обид тешко дека ќе има влијание кај акционерите кои се подготвени да го прифатат спојувањето на четврти јануари. По ова, договорот би требало да биде комплетиран до крајот на првиот квартал од 2021 година.

Преземено од Avtoplus.mk