Празните канцеларии стануваат домови

35

Финансискиот кварт Square Mile во Лондон планира празните канцеларии да ги претвори во домови и да ги понуди за пониски наемнини на креативни претприемачи како дел од планот за закрепнување од пандемијата, бидејќи многумина работат од дома.

Изграден околу огромната Bank of England, како тврдина со тесни улици и облакодери, Лондон Сити мора да се прилагоди и да привлече работниците и компаниите да се вратат во нормален канцелариски живот, пренесува Ројтерс.

Лондон Сити претстави акционен план за подобрување на конкурентноста, подобра 5G мрежа и поддршка на малите претприемачи.

Предлозите за петгодишниот план вклучуваат формирање на еко систем од потенцијално високо технолошки компании за да функционира како мрежа за поддршка, создавање на центар за мали претприемачи и премин на станбен простор.

Целта е да се создадат најмалку 1.500 нови станбени единици до 2030 година.

Фото: Pexels