Пред кризата, ги имаше 500, сега пет пати повеќе: Секој петти работник на градилиште во Хрватска е од Непал

92

Работниците од Босна и Херцеговина, Србија, Северна Македонија и Косово со години беа најбројни во однос на вработувањето на странски работници во Хрватска, главно по тој редослед, а петтото место обично беше резервирано за работници од Албанија или понекогаш за работници од Украина.

Но, оваа година на тоа петто место, според бројот на издадени дозволи за работа, се – Непалците.

Според податоците што Нови лист ги доби од Министерството за внатрешни работи (МУП), до 1 септември годинава на државјани на Непал им се издадени 2.388 дозволи за работа и престој.Односно, секој 22 -ри странец бил од Непал. Во 2019 година, имаше вкупно 480 Непалци, а сега бројот е скоро четирикратно зголемен.