Предизвици на женското претприемништво во земјоделството

22

Федерацијата на фармери на Македонија (ФФРМ) и Здружението на бизнис жени, како дел од Платформата за економско јакнење на жената, организираат форум на тема Предизвиците на женското претприемништво во земјоделството.

На форумот ќе биде презентирана Платформата за јакнење на женското претприемништво, која што ги обединува сите активни чинители кои работат на тема женско претприемништво.

Целта на настанот е да се охрабрат жените за што поголемо учество како претприемачи во земјоделството и со тоа ќе се допринесе за развој на локалната заедница.