Преку филијалите во Лондон и Москва извлечени стотици милиони евра од кипарските банки

118

HAARLEM-PRODUCTIE-EUROСтотици милиони евра се повлечени од кипарските банки преку нивните филијали во Лондон и Москва, во периодот кога жителите на Кипар не можеа да повлечат од банкоматите повеќе од 100 евра на ден, соопшти денеска грчката телевизија Мега, пренесува Миа.

Според информации на телевизијата, на остри критики е подложен гувернерот на кипарската Централна банка, Паникос Димитриадис, кој во екот на кризата одобри да продолжат со работа филијалите на Банката на Кипар и Кипарската народна банка во Лондон. На овој начин стана возможно повлекување на огромни суми од сметките во кипарските банки во британската престолнина и преку една банка во Москва.

Повлекувањето на стотици милиони евра од филијалите на кипарските банки во странство е правдано со неопходноста од купување хуманитарна помош, лекарства или гориво за авионите.