Преку Hult светот ќе ја запознае Македонија и можностите што ги нуди

50
Danny Goh, директор за бизнис развој на Hult International Business School за Европа
Danny Goh, директор за бизнис развој на Hult International Business School за Европа

Бизнис Инфо: Господине Гох, со што Халт го заслужува епитетот најдобра интернационална бизнис школа во светот?

Нашите студенти доаѓаат од околу 120 различни земји ширум светот и имаме еднаква застапеност од секоја националност во нашите училници. На пример, имаме 10 студенти од Македонија и сите се подеднакво распределени низ нашите кампуси. Никаде не претставуваат малцинство ниту пак мнозинство.

Бизнис Инфо: Кажете ми повеќе за критериумите. Што е потребно студентите да поседуваат за да се запишат во Халт?

Постојат некои основни критериуми што треба да бидат исполнети, како што се одредено познавање на англискиот јазик, да се плати одредена сума, да се положи ГМАТ тестот и да се има универзитетска диплома.
Сепак, ние гледаме на професионалната кариера на еден модерен начин, сакаме да процениме што студентите постигнале во минтатото и какви вредности можат да споделат со другите студенти во класот. МБА програмата не значи да се учи само од лекциите, искуството на студентите многу придонесува во дискусиите за време на часот. Така, часовите се подинамични и самите студенти учат едни од други, за различни индустрии, култури, потекла…

Бизнис Инфо: Зошто ја одбравте Македонија и кои се вашите очекувања од овогодинешната Стипендии ЕКСПО програма?

Започнавме да работиме со Македонија пред две години и резултатите се многу охрабрувачки. Во првата година имавме 3 студенти, лани беа 8. Оваа година очекуваме да ја дуплираме ланската бројка. Како една од земјите во развој во Европа, Македонија ни овозможува да ги донесеме и претставиме нејзините студенти во Халт. Со тоа што ќе ја донесеме Македонија во Халт ќе придонесеме за развој на економијата во неа и светот ќе може да ја запознае Македонија и да види какви можности таа нуди.

Бизнис Инфо: Имате многу импресивна биографија. Кажете ми како станавте она што сте сега?

Роден сум и пораснав во Малезија, а високото образование го завршив во Австралија. Имам работено во Хонг Конг, Кина, живеев во САД, сега живеам во Лондон. Од дете знаев дека сакам да станам интернационална личност и тоа што го избрав Халт беше еден од најважните чекори за мене, во смисол да излезам од Азија. Пред да дипломирам на Халт скоро сите мои активности беа на тој континент. Кога станав дел од бизнис школата почнав да запознавам многу луѓе ширум светот. Имав соученици од 25 различни земји и сега имам пријатели во скоро секој дел од светот. Многу патувам, денес сум во Македонија утре можам да бидам во Казакстан или Монголија. Тоа е моето животно искуство и секогаш ќе ми биде интересно да се присетувам на него кога ќе бидам стар.

Бизнис Инфо: Што би ги посоветувале сите млади луѓе кои еден ден сонуваат да станат лидери?

Најпрво би ги посоветувал да дојдат во Халт, да излезат од Македонија, да станат интернационални личности, да ја претстават Македонија ширум светот. Би сакал да истакнам и дека како земја во развој, Македонија има свои добри и лоши страни. Затоа идните бизнисмени треба да гледаат надвор од границите, кон големиот пазар кој ќе им овозможи да ја поврзат Македонија со светот и со тоа да добијат поголема платформа на која ќе можат да ги развиваат своите способности и да привлечат странски инвеститори.

Бизнис Инфо: Како што рековте многу патувате. Ќе може да направите разлика помеѓу македонските студенти, луѓе и студентите (луѓето) ширум светот. По што сме препознатливи?

Во Скопје сум само еден ден и веќе ја почувствував гостопримливоста на Македонците. Храната ви е одлична. Мислам дека Македонија треба да инвестира во тоа и да ја претставува својата храна ширум светот.

Бизнис Инфо: Значи им предлагате на младите деловни луѓе да размислуваат на тоа поле?

Да, да, навистина го препорачувам тоа.

Бизнис Инфо: Нешто да додадете?

Доколку имате било какви прашања, контактирајте го нашиот партнер Образовно-информативниот центар – Скопје.
Навистина гледам потенцијал во Македонија, во Скопје и во динамичноста на младите луѓе што живеат тука. Мислам дека Македонија треба повеќе да се промовира. Првиот чекор кон тоа би бил да се едуцираат на младите луѓе, да го запознаат светот и да ја донесат Македонија во светот.