Преку ноќ стана милијардерка, но…

133

Џулија Јонковски од Флорида мислела дека има само 20 долари на нејзината сметка во банка. Сепак, салдото на нејзината сметка и покажа дека всушност е милијардерка.

На сметката има точно 999.985.855,94 долари, што ја прави Џулија Јонковски 615-та најбогата личност во САД. Сепак, големата сума пари ја исплашило и како што тврди сака да ги врати што е можно побрзо.

Таа се обидела да контактира со Chase Bank, за да ги извести за грешката, но досега никој не ѝ вратил на повиците.

“О Боже, бев преплашена. Знам дека повеќето луѓе би помислиле дека сум добила на лотарија, но јас бев преплашена. Читав приказни за луѓе кои ги зеле парите кои им биле исплатени по грешка, а потоа морале да ги вратат. Не би сакала да ги земам, не се мои пари, ме плаши“, вели Џулија за локалните медиуми.

Засега е нејасно што ја предизвика грешката што ја направи Џулија Јонковски милијардер и уште чека одговор од банката.

Фото: Pixabay