Премиерно издание на Skopje Whiskey Fest 1.0

18

Виски фестивалите се одржуваат скоро во сите поголеми метрополи од нашето опкружување и глобално. Оваа есен Скопје ќе се вброи во тоа друштво и ќе го има својот прв Whiskey Fest во организација на Боттега Евенти.

Skopje Whiskey Fest 1.0 ќе се одржи на 22-ри и 23-ти ноември во Skopje Marriott Hotel, петок од 18: до 00:00, сабота од 17:00 до 00:00.

Нè очекуваат два дена исполнети со дегустација на преку 30 различни брендови на виски, сингл малтови, бурбони, виски едукација, мастер класови, уживање и забава.

Skopje Whiskey Fest 1.0 е настан којшто ќе му додаде вредност на градот убав како метропола која нуди префинети содржини за квалитетно секојдневие.

Повеќе информации за Skopje Whiskey Fest 1.0 може да погледнете на официјалната веб страна на фестивалот www.skopjewhiskeyfest.mk преку којашто ќе може директно да се набават и online карти со кредити за дегустација на виски.