Премиерот Груевски ќе се обрати пред стопанствениците

31

Фокусот на традиционалното обраќање на премиерот Никола Груевски пред домашните стопанственици ќе биде извозот и поддршката на извозот на домашните компании, при што ќе бидат опфатени другите актуелни економски теми.

Годишното обраќањето на премиерот, кое е во организација на Сојузот на стопански комори на Македонија, ќе се одржи денес во хотелот Holiday Inn во Скопје, со почеток во 13.30 часот.

Минатата 2012 година, во своето обраќање, премиерот Груевски акцентот го стави на целосното исплаќање на долгот кон стопанството по основа на поврат на данокот на додадена вредност (ДДВ), како и по основа на извршени услуги кон државните институции.

Свое присуство на настанот најавија сите министри од Владата на Република Македонија.

По завршување на обраќањето на премиерот, претставниците од бизнис секторот ќе имаат можност да остварат директен контакт со ресорните министри, да постават свои прашања и да дадат свои идеи со конкретни предлози за подобрување на деловното економско опкружување.