Пренасочување на пешачкото движење кај Камени мост

38

Поради завршната фаза на изградба на плоштадот Карпошово востание на локацијата помеѓу Камениот мост и црквата Св. Димитрија кај поранешната зграда на Министерство за транспорт и врски, од изутринава ќе се врши пренасочување (регулирање) на пешачкото движење на потезите во двете насоки: Камени мост до црквата Св. Димитрија, Камени мост до стара Чаршија и Камени мост до Банките. Ова времено преградување и пренасочување на пешачкото движење ќе трае од еден до два месеци.

Се известуваат граѓаните да се придржуваат на режимот на движење за да не би се создале непожелни настани, со што би била загрозена нечија безбедност или би се успорувала динамиката на завршување на градежните работи.