Од вчера, 01.09.2013, веќе не важи времената измена на режимот на сообраќај на државните патишта во Република Македонија, со која се забрануваше сообраќај на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Од денес, 02.09.2013, веќе не важи и времената измена на режимот на сообраќај на патните правци Гостивар – Охрид, Охрид – Ресен и Охрид – Свети Наум, со која се забрануваше сообраќај на тешки товарни возила за време на деновите од викендот.
За потребите на проектна документација за рехалибитација на патниот правец А-1 делница Миладиновци – Куманово во двата правци од 16.07.2013 година започна геодетско снимање на споменатиот патен правец, поради што се препорачува внимателно управување со возилата поради присуство на работници на споменатиот патен правец.
Поради оштетување на коловозот на патен правец Р-409 Маврово – Дебар во близина на Бошков мост сообраќајот се одвива во две ленти преку бајпас (додека траат санациите на оштетената коловозна лента).
На подрачјето на СВР-Охрид почнувајќи од 29.08.2013 година се изведуваат асфалтерски работи на маг.пат А-2 Гостивар – Кичево и на делот на планинскиот превој „Стража“ од 1 до 1,5 км во правец кон Кичево. Извршувањето на работите нема да има влијание при движењето на возилата и истите ќе се изведуваат во работните денови најчесто од 08:00-15:00 или 16:00 часот.
Сообраќајот на сите останати државни патишта низ државата се одвива непречено, пo суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и излез од Македонија.