Претпладне дожд, попладне сончеви периоди

15

Во утринските и претпладневните часови, времето во Македонија денеска ќе биде нестабилно со врнежи од дожд во западните, северозападните и југозападните предели и со снег на планините над 1.200 метри, а во останите предели ќе биде умерено облачно со сончеви периоди.

Попладне ќе биде умерено облачно со сончеви периоди. Ќе дува засилен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен североисточен ветер. Ветерот понекаде ќе достигне брзина и до 25 километри на час. Дневните температури ќе се движат од седум до 14 степени.

Во текот на оваа недела можна е појава на мраз во утринските и магла во вечерните часови, како и нестабилно време со повремени врнежи од дожд и ветер.