Времето во Македонија денеска претпладне ќе биде променливо облачно, во јужните делови со локален дожд, на повисоките места и планините со локален снег. Попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб, локално умерен североисточен ветер. Дневните температури ќе се движат од еден до шест степени.
Во Скопје и околината слично време со температура до пет степени.