Претпладне облачно, попладне дожд и температура до 30 степени

24

Времето денеска во Македонија ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, а во попладневните часови се очекува дестабилизација со врнежи од дожд.

Утринските температури се од осум до 17 степени, додека дневните ќе бидат од 20 до 30 степени.

Во Скопје и околината ќе преовладува слично време со температура до 27 степени.