Времето во Македонија денеска ќе биде претпладне променливо облачно со повремен локален дожд, а на планините слаб снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Попладне облачноста ќе се намалува. Дневните температури ќе се движат од шест до 16 степени.
Во Скопје и околината слично време со температура до 14 степени.