Претпладне сонце, попладне дожд, грмежи и температура до 37 степени

21

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност. Во попладневните часови се очекува локална дестабилизација на времето, проследено со пороен дожд, грмежи, ветер, силни електрични празнења и град.

Дневните температури ќе се движат од 26 до 37 степени. Во Скопје и околината ќе преовладува слично време со температура до 35 степени.