Претпладне сонце, попладне краткотраен дожд

10

Времето во Македонија ќе биде умерено облачно со умерен, повремено засилен југозападен ветер. Попладне на места ќе има зголемување на облачноста проследена со краткотраен дожд.

Температурата ќе се движи од 6 до 31 степен.

Во Скопје слично време, со температура до 28 степени.

УВ-вредноста ќе изнесува 7.