Претпладне сонце, попладне облачно и нестабилно време

22

Времето денеска во Македонија ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, а во попладневните часови се очекува променливо облачно и нестабилно со локални појави на пороен дожд и грмежи.

Можна е изолирана појава на невреме со интензивен пороен дожд, силни грмежи и ветер.

Температурите ќе се движат од 22 до 33 степени. Во Скопје и околината ќе преовладува слично време со температура до 31-от степен.