Претприемачите од Пелагонискиот регион разменуваа искуства на тема Бизнис планирање и буџетирање

27

pelagoniski 2

Проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија, кофинансиран од Владата на Швајцарија, продолжува со спроведување на Програмата за претприемачи во Пелагонискиот регион. Минатата недела во Битола се одржа вториот настан на тема Бизнис планирање и буџетирање, на кој гостин говорник беше Васка Леонтиќ, сопственик во Академија Леонтиќ.

Присутните претприемачи од овој регион разменија мислења и искуства за стратегијата на своите компании во однос на промената на глобалната економска ситуација во изминатите години, кога за прв пат се соочиле со потребата од бизнис план и бизнис стратегија, дали имаат потреба од бизнис консултант и искуството од користење на надворешен консултант, годишен буџет во компанијата…

Проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија има за цел да го поттикне развојот на претприемачите и нивните претпријатија преку размена на искуства, советувања, поддршка при извоз, промоција и инвестици. Проектот е имплементиран од Центарот за развој на менаџери и претприемачи ЦЕЕД Македонија.