Претприемачки од Македонија на Регионалната стратешка конференција за женско претприемништво во Сараево

22

Во рамки на регионалниот проект за женско претприемништво, во Сараево од 09.11 до 11.11.2014 година се одржа регионална стратешка конфереција и работилница на тема: Перспективите на женското претприемништво 2015 – 2020 година.

На конференицијата учествуваа преставници од Владата на Босна и Херцеговина и жени претприемачи од девет земји кои се вклучени во овој проект.  Претставници на Македонија на овој настан беа Анета Антова Пешева, генерална директорка на Унет и претседател на Inner Wheel Club Скопје и Валентина Дисоска, претседател на здружението на бизнис жени на Македонија.

“Овој тип на конференции е вистинското место за лоцирање на проблемите и размена на нашите локални искуства. Сите ние треба да сфатиме дека треба да соработуваме како еден економски пазар и мојот личен впечаток е дека само жените од овој регион можат да го насочат развојот на работите во тој правец. Само така ќе можеме да го прошириме нашиот бизнис и да освоиме нови пазари“, истакна во својот говор Анета Антова Пешева, генерална директорка на Унет и претседател на Inner Wheel Club Скопје.

Носители на проектот се светските организации GTF, SEECEL и RCC. Здружението на бизнис жени е единствениот имплентатот за Македонија, кое во соработка со останатите организации и институции делува на барање на женското претприемништво во земјата. Вклучувањето на Македонија во овие проекти ја зголемува колаборацијата и можноста за остварување на економската соработка во регионот.

На конференцијата главна тема беа стратешките размислување поврзани со иднината на женското претпримништво.