Претседателот на Светска банка: Рекордниот пораст на цените на храната доведува стотици милиони луѓе во сиромаштија

106

Светот се соочува со хуманитарна катастрофа поради кризата со храна, која е последица на рускиот напад врз Украина, предупреди претседателот на Светска банка, Дејвид Малпас.

Во интервју за Би-Би-Си, Малпас рече дека рекордниот пораст на цените на храната доведува стотици милиони луѓе во сиромаштија.

„Тоа е хуманитарна катастрофа, што значи дека храната ќе се намали. Но, тогаш станува политички предизвик за владите кои не можат ништо да направат за тоа, тие не ја предизвикаа и гледаат дека цените растат“, рече претседателот на Светска банка.