
Претседателот на Светската банка, Аџај Банга, денес изјави дека мултилатерализмот сè уште има важна улога и покрај политичките превирања и растечкиот скептицизам кон глобалните иницијативи.
Банга, поранешниот извршен директор на компанијата MasterCard, кој стана на чело на Светската банка во 2023 година, го наведе рекордниот круг на финансирање од страна на Меѓународната асоцијација за развој (IDA) на крајот на 2024 година како пример за успешна соработка.
Споменатата институција обезбедува средства за најсиромашните земји во светот, а според него, и покрај промените на администрациите во развиените земји како што се Соединетите Американски Држави и Велика Британија, приватниот и јавниот сектор успеаја заеднички да обезбедат нова рекапитализација.











