Превезени патници и стока во последното тримесечје од минатата година

25

Според податоците на Државниот завод за статистика, во четвртото  тримесечје од 2019 година, во патниот патнички превоз бројот на превезените патници изнесува 1.605.000, во градско – приградскиот превоз 19.191.000, во железничкиот превоз 148.000, додека бројот на превезените патници во воздухопловниот превоз изнесува 623.546.

Во четвртото тримесечје од 2019 година, во споредба со четвртото тримесечје од 2018 година, количеството на превезена стока во товарниот патен превоз е зголемено за 19,3%, во железничкиот превоз е зголемено за 50%, додека во воздухопловниот превоз е намалено за 10,1%.

Фото: Pixabay