Превезени патници и стока во третото тримесечје

3

Бројот на превезени патници, во патниот патнички превоз, во третото тримесечје од оваа година, во однос на истиот период лани, е намален за 7,9%, во железничкиот превоз за 46,6%, во градско – приградскиот превоз е на ниво од претходната година, додека бројот на превезените патници во воздухопловниот превоз е зголемен за 5,2%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во однос на второто тримесечје од 2016 година, бројот на превезените патници во патничкиот превоз е зголемен за 0,9%, во градско – приградскиот превоз е намален за 22,4%, во железничкиот превоз за 2,9%, додека во воздухопловниот превоз зголемувањето изнесува 23,3%.

Во третото тримесечје од 2016 година, во споредба со третото тримесечје од 2015 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е зголемено за 72%, во железничкиот превоз за 3,8%, додека во воздухопловниот превоз зголемувањето изнесува 23,3 %.

Во однос на второто тримесечје од 2016 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е зголемено за 20,5%, во воздухопловниот превоз за 20,7%, додека во железничкиот превоз зголемувањето изнесува 44,4%.