Превезени патници и стоки во првото тримесечје од 2015

23

Во првото тримесечје од 2015 година, во патниот патнички национален и меѓународен превоз бројот на превезените патници изнесува 2.090.000, во железничкиот превоз 156.000, во градско – приградскиот превоз 19.987.000, додека бројот на превезените патници во воздухопловниот превоз изнесува 268.046, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во истиот период, во споредба со првото тримесечје од 2014 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е зголемено за 14,3%, во воздухопловниот превоз е намалено за 19,4%, додека во железничкиот превоз намалувањето изнесува 19,6%.