Превезени патници и стоки во првото тримесечје од 2017 година

9

pruga-pixabay

Фото: Pixabay

Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од 2017 година, во однос на истото тримесечје од 2016 година, во патниот патнички превоз, бројот на превезените патници е зголемен за 1,4%, во градско – приградскиот превоз за 6,9%, во воздухопловниот превоз за 7,1%, додека бројот на превезените патници во железничкиот превоз е намален за 38,6%.

Во однос на четвртото тримесечје од 2016 година, бројот на превезените патници во патниот патнички превоз е намален за 5,8%, во градско – приградскиот превоз за 0,5%, во железничкиот превоз за 37%, додека во воздухопловниот превоз намалувањето изнесува 10,5%.

Во првото тримесечје од 2017 година, во споредба со првото тримесечје од 2016 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е зголемено за 69,6%, во железничкиот превоз е намалено за 18,5%, додека во воздухопловниот превоз намалувањето изнесува 30,2%.

Во однос на четвртото тримесечје од 2016 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз e зголемено за 24,6%, во железничкиот превоз е намалено за 19,8%, додека во воздухопловниот превоз намалувањето изнесува за 14,3%.