Превезени патници и стоки во првото тримесечје од оваа година

24

Во патниот патнички превоз бројот на превезените патници, во првото тримесечје од оваа година, изнесува 1.215.000, во градско-приградскиот превоз 15.277.000, во железничкиот превоз 93.000, додека бројот на превезените патници во воздухопловниот превоз изнесува 429.869, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во првото тримесечје од 2020 година, во споредба со првото тримесечје од 2019 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е намалено за 7,6%, во железничкиот превоз е зголемено за 0,7%, додека во воздухопловниот превоз е намалено за 6,4%.

Фото: Pixabay