Превезени патници и стоки во третото тримесечје од оваа година

11

voz-pixabay

Фото: Pixabay

Во патниот патнички превоз, бројот на превезените патници, во третото тримесечје од оваа година во однос на истиот период лани, е зголемен за 11,8%, во градско – приградскиот превоз е намален за 5,5%, во железничкиот превоз за 23,6%, додека бројот на превезените патници во воздухопловниот превоз е зголемен за 19,5%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во однос на второто тримесечје од 2017 година, бројот на превезени патници во патничкиот превоз е намален за 0,7%, во градско – приградскиот превоз за 21,1%, во железничкиот превоз за 3,1%, додека во воздухопловниот превоз е зголемен 39,4%.

Во третото тримесечје од 2017 година, во споредба со третото тримесечје од 2016 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е намалено за 5,2%, во воздухопловниот превоз за 10,2%, додека во железничкиот превоз е зголемено за 1,4%.

Во однос на второто тримесечје од 2017 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е намалено за 21,5%, во воздухопловниот превоз за 7,6%, додека во железничкиот превоз е намалено за 21,1%.