Превезени патници и стоки во третото тримесечје

23

Во патниот патнички превоз бројот на превезените патници, во третото тримесечје од оваа година во однос на истиот период лани, е намален за 24,9%, во градско – приградскиот превоз е зголемен за 6,1%, во железничкиот превоз останува ист, додека бројот на превезените патници во воздухопловниот превоз е зголемен за 13,5%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во однос на второто тримесечје од 2019 година, бројот на превезените патници во патничкиот превоз е намален за 5,5%, во градско – приградскиот превоз е намален за 14,1%, во железничкиот превоз за 15,6%, додека во воздухопловниот превоз е зголемен за 29,8%.

Во третото тримесечје од 2019 година, во споредба со третото тримесечје од 2018 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е зголемено за 9,4%, во воздухопловниот превоз е намаленo за 22,5%, додека во железничкиот превоз е намаленo за 3,2%.

Во однос на второто тримесечје од 2019 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е зголемено за 11,8%, во воздухопловниот превоз е намалено за 19,8%, додека во железничкиот превоз е намалено за 14,5%.

Фото: Pixabay