Превезени стоки и патници во првото тримесечје од 2016 година

19

Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од 2016 година, во патниот патнички национален и меѓународен превоз бројот на превезените патници изнесува 1.698.000, во железничкиот превоз 166.000, во градско – приградскиот превоз 19.123.000, додека бројот на превезените патници во воздухопловниот превоз изнесува 343.541.

Во истиот период, во споредба со првото тримесечје од 2015 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е зголемено за 9,3%, во воздухопловниот превоз е зголемено за 35,4%, додека во железничкиот превоз намалувањето изнесува 21,4%.