Приход од 1,8 милијарди долари за три месеци на крипто берзата Coinbase

19

Американската берза на криптовалути, Coinbase, според прелиминарните и неревидирани податоци, има приходи од 1,8 милијарди долари, во првиот квартал од оваа година, што е за девет пати повеќе во однос на истиот период лани.

Овој огромен раст, според Coinbase, e благодарение на силниот раст на вредноста на биткоинот, пренесува CNBC.

Нето добивката на компанијата во првото тримесечје од оваа година порасна меѓу 730 и 800 милиони долари.

Обемот на тргување со криптовалути во овој период порасна за 276% на 335 милијарди долари. Бројот на активни корисници на Coinbase се зголемени од 2,8 милиони во последниот квартал од минатата година на 6,1 милиони во првите три месеци од оваа година.

Компанијата, исто така, регистрираше голем раст на вредноста на криптовалутите на платформата од 1.200% во однос на минатата година, од 17 на 223 милијарди долари.

Во февруари оваа година, Coinbase поднесе барање за директна котација на Nasdaq.

Фото: Pexels